ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО БИ-ЕЛ ИНЖЕНЕРИНГ
БИЕЛ ИНЖЕНЕРИНГБИЕЛ ИНЖЕНЕРИНГБИЕЛ ИНЖЕНЕРИНГ
+389 34 344 615
info@biel.mk
2400 Струмица, Р. Македонија
БИЕЛ ИНЖЕНЕРИНГБИЕЛ ИНЖЕНЕРИНГБИЕЛ ИНЖЕНЕРИНГ
0

Политика за поврат на средства

Испорака и прием на производите

При доставата, Вие сте должни да ги проверите производите и да проверите дали одговараат на Вашите очекувања. Вие сте одговорни за плаќање на трошоците за достава. Трошоците за достава не можат да бидат рефундирани.


Враќање на производите

За да можете да ги вратите производите тие треба да бидат неоштетени и неупотребувани.

Доколку производите кои сакате да ги вратите се неотпакувани, неоштетени и со неоштетен код, тогаш заедно со фактурата треба да ги доставите на нашата адреса во рок од 7 дена. Доставата до нашата адреса ја плаќате Вие.

По добивањето на производот ќе го провериме и ќе Ве известиме дека го имаме добиено вратениот производ.

Откако ќе се увериме дека производите се во ред, веднаш ќе бидете контактирани и средствата ќе бидат вратени на начин на кој одговара за двете страни, освен сумата за испорака која е вклучена во фактурата. Таа сума (приближно 130 денари) не може да биде рефундирана.

Рефундирање на средствата пред да ги добиеме производите не е возможно.


Измени во Политиката за враќање

Ве известуваме дека БИ-ЕЛ како сопственик на оваа веб страница ги задржува правата за можни измени на Политиката за враќање на производите без обврска за претходно известување на корисниците.

Корисниците се должни да ги следат измените на оваа страница за да бидат информирани за условите за враќање на производите пред да ја направат порачката.

Користењето на нашите услуги значи дека се согласувате со правилата наведени овде.

Последни промени: 14.01.2021 год.


Контакт

За дополнителни информации контактирајте не на info@biel.mk

Нема производи во кошничката.

X